Tuesday, September 24, 2024

Работна околина на оперативен систем. Апликативен софтвер


Софтверот, односно програмскиот дел на компјутерот е поделен на две групи на програми:

-         системски програми
-         апликативни програми


Системските програми се поделени на:
-         оперативни системи;
-         услужни програми и
-         контролни програми;



Оперативни системи

Оперативниот систем претставува множество од програми без кои ниту еден компјутер не може да работи. 
Преку оперативниот систем се воспоставува врската помеѓу корисникот и компјутерот
Оперативниот систем управува со целокупната работа на компјутерот и ги контролира сите операции што се изведуваат во централната и периферните уреди.


Постојат повеќе оперативни системи: WindowsLinuxMac OSUnix.

https://www.youtube.com/watch?v=fkGCLIQx1MI

Услужни програми

Во оваа група спаѓаат сите програми кои на некој начин нудат одредена услуга за корисникот. Тоа се програмите за заштита на компјутерот од вируси, програмите за компресија (пакување) на податоци, програмите за правење резервна копија на податоци, програмите за тестирање на компјутерот или на некои хардверски делови, програмите за конфигурирање на компјутерот и сл. Овие програми се познати под името “софтверски алатки“.  

Контролни програми

Контролните програми служат за управување со хардверот. Нивна задача е да го тестираат и контролираат хардверот при секое стартирање (вклучување) на компјутерот. Овие програми се сместени во ROM-меморијата на компјутерот и го сочинуваат т.н. BIOS (Basic Input Output System) на компјутерот.



Апликативни програми

Апликативните програми се користат за извршување (изработување) на конкретна работа – апликација, како на пример: подготовка на некоја книгауредување на некоја сликаизготвување на платапрезентација за некое предавањепребарување низ компјутерска мрежа итн.
Апликативните програми можат да се распределат во повеќе категории, во зависност од областа на примена.

-    Програми за пишување и уредување на текст 

-    Програми за табеларни пресметувања 

-    Програми со работа на бази на податоци

-    Програми за компјутерска графика

-    Програми за статистички и математички пресметувања  

-    Програми за тековно работење 

-    Програми за комуникации 

-    Мултимедијални програми 



ПРАШАЊА:


1.    Што претставува софтверот?
2.    Како е поделен софтверот (програмскиот дел на компјутерот)?
3.    Како се поделени системските програми?
4.    Како се поделени апликативните програми?
5.    Која е функцијата на оперативните ситеми?
6.    Од што е составен секој оперативен систем?
7.  Кои оперативни системи се употребуваат денес? Кој оперативен систем го користиш во твојот компјутер?
8.    Кои програми се нарекуваат апликативни програми?
9.  Наброј неколку категории на апликативни програми и објасни ја нивната примена!

No comments:

Post a Comment