Процесор
Процесорот или на англиски CPU (Central Processing Unit – Централна процесирачка единица) е главниот дел на компјутерот, чија функција е да ги извршува сите пресметки, односно секоја обработка на податоците.
Процесорот е составен од голем број електронски кола поврзани во функционални целини и спакувани во еден чип. Тој е прицврстен на матичната плоча и над него се наоѓа ладилник или на англиски cooler, кој има задача постојано да го разладува процесорот, бидејќи тој се загрева при неговата работа.
На следните слики е прикажана внатрешноста на процесорот и неговиот изглед како чип.
Секој процесор има свое име и работна фреквенција.
Името доаѓа од фирмата која го произведува (пример, Intel или AMD), додека работната фреквенција, која се изразува во Hz (херци), односно моментално во GHz (гига херци, 1Gz = 109 Hz), е поврзана со брзината на работа на процесорот.
МЕМОРИЈА
1. Надворешна меморија
Најчести надворешни мемории се: тврд магнетен диск (анг. hard disk), компактен диск (анг. Compact Disk, CD), дигитален видеодиск (анг. Digital Video Disk, DVD), флеш меморија (анг. flash drive, USB) и други.
Компактен диск (англиски Compact disk), е оптички диск кој се користи за зачувување на дигитални податоци. CD-то е прв пат произведено во 1982.
Компактниот диск е направен од 1,2 мм дебел диск и на него е нанесен тенок слој на супер чист алуминиум, а податоците се зачувуваат во форма на мали вдлабнатини на површината на дискот. Компактниот диск се чита со помош на фокусиран ласер.
Тврд диск или (англ. hard disk) е медиум за трајно меморирање и понатамошно користење на податоци. Се состои од алуминиумски плочи (од З до 5) обложени со магнетно чувствителен материјал, глава за читање/запишување (сместени во херметички затворена кутија) и интерфејс (што се вика и контролор) за врска со централниот систем.
Работи на принцип на магнетен запис на податоци по патеки и сектори, на секоја од плочите. Има по една глава за читање и една за запишување за секоја плоча посебно. За да може да се запишуваат податоците, плочите се логички поделени во патеки и сектори.
Капацитетот на еден тврд диск се цени според:
- - капацитетот или количината на бајти која може да се запише на дискот;
- - брзина на пренос односно количина (број) на бајти во една секунда
- - време на пребарување запис кое се мери во милисекунди ms (10-20)
- Флеш меморија (USB/flash drive)
USB флеш -уред или USB мемориски драјв е мал пренослив уред за складирање податоци што користи флеш меморија и USB конектор. Се приклучува на нормална USB порта тип А, или на компјутер. Уредот се напојува преку приклучокот на компјутерот и не му треба надворешно напојување. За разлика од другите преносливи медиуми за складирање податоци, USB флеш драјвовите користат полупроводничка технологија (чипови) за складирање податоци. Ова го прави отпорен на физичко оштетување и прашина. Нивниот капацитет се повеќе се зголемува, од почетните 16 МВ, до денешните неколку GB, па и TB.
Внатрешна меморија
Постојат два вида внатрешна меморија:
- RAM (Random Access Memory – Меморија со случаен пристап)
o оваа меморија се нарекува и работна меморија или главна меморија;
o во неа податоците можат да се запишуваат, да се бришат и да се преместуваат од едно место на друго;
o нејзината функција е да ги чува тековните податоци на програмите кога тие се извршуваат;
o нејзината големина (капацитет) може да изнесува 1GB, 2 GB, 4 GB, 8 GB, па и многу повеќе.
o големината (капацитетот) на RAM меморијата битно влијае врз брзината на работа на компјутерот (секако, заедно со останатите компоненти);
o RAM меморијата претставува чип кој се прицврстува на матичната плоча; на една матична плоча можат да се прицврстат повеќе RAM мемориски чипови, во зависност од бројот на лежишта што ги има матичната плоча.
На следната слика е прикажана RAM меморија
- ROM (Read Only Memory – Меморија само за читање)
o во ROM меморијата се сместени програми што се извршуваат веднаш по секое вклучување на компјутерот и овозможуваат тој да се доведе во работна состојба, а и потоа имаат голема улога во контролата на работата на компјутерот.
Содржина на ROM меморијата не се менува;
Содржина на ROM меморијата не се менува;
o RОM меморијата претставува чип кој е прицврстен на матичната плоча (за разлика од RAM меморијата, овој чип не се менува).
На следната слика е прикажана RОM меморија
Погледнете го видеото:
No comments:
Post a Comment