Оперативниот систем е збир на програми кои
му овозможуваат на корисникот работа со компјутерот (програмите, уредите
и меморијата)
Оперативни системи кај
персоналните компјутери:
- Windows–Microsoft Windows 2000, Windows XP, Windows Vista, Windows 7, Windows 10, 11...
- MAC OS X- Apple, Mac OS X се Jaguar, Tiger, Panther и Leopard
- LINUX- отворен за промени од корисниците и има бесплатни верзии како Ubuntu, Edubuntu, RedHat, SuSe, Mandriva и др.
- UNIX-моќен оперативен систем кој често се користи за работа на сервери, Unix Ware, Solaris и др
Карактеристики на оперативните
системи
- Денешните оперативни системи се повеќе кориснички оперативни системи (multi user OS).
- Денешните оперативни системи се мултитаскинг оперативни системи (multi tasking OS).
Задача:
ЕЛЕМЕНТИ НА ОПЕРАТИВНИТЕ
СИСТЕМИ
- ДЕСКТОП - По стартувањето на оперативниот систем сликата која се прикажува на екранот се вика работна површина (Desktop).
- ЛЕНТА СО ЗАДАЧИ-Вообичаено, на долниот или горниот дел од десктопот се наоѓа долга тенка лента која ги прикажува имињата на програмите и фолдерите со кои корисникот работи на компјутерот. Оваа лентата се вика лента со задачи
- ИКОНИ-Елементите распоредени по работната површина на оперативниот систем се викаат икони. Тоа се мали слики со кои се претставени програми, фајлови или фолдери.
- ПРОЗОРЦИ- Содржината на иконата се прикажува во рамка која се вика прозорец. Прозорецот може да се отвори, минимизира, да му се променат димензиите или да се затвори.
ЕЛЕМЕНТИ НА ПРОЗОРЕЦОТ
- Лента за име(title bar)- На горниот дел од прозорецот се наоѓа лента со име на програмата и фајлот или фолдерот чија содржина е прикажана во прозорецот.
- Копчиња за работа со прозорецот- Се наоѓаат во десниот горен агол од прозорецот и служат за спуштање на прозорецот во лентата со задачи, прикажување на целили на делод екранот и затварање на прозорецот.
- Мени- Под лентата со име се наоѓа лентата со менија. Менијата се ленти најчесто се состојат од: File (Датотека) мени, Edit (Уредување) мени, View (Поглед, Приказ) мени, Help (Помош) мени.
- Лента со алатки
- Лента за скролирање
- Дел за приказ списоци на наредби.
Практична вежба:
- Вклучи го компјутерот!
- Со кој оперативен систем работи компјутерот?
- Разгледај ја работната површина!
- Наброј ги елементите на работната површина!
- Отвори го прозорецот My Computer!
- Разгледај го прозорецот
- Наброј ги елементите на прозорецот
- Кликни на копчето Start
- Како ќе се рестартира или исклучи компјутерот?
- Искулчи ги компјутерот!
Фајлови и фолдери
Датотека (документ, File)
Датотека е множество податоци организирани во целина и зачувани на дискот
или на друга надворешна меморија под заедничко име.
Датотеките ги разликуваме според името.
Договорено е на крајот од името да се
стави точка по која се додава наставка (extension) од три (може и четири)
букви - име.наставка.
Пример: zivotno.bmp
matematika.doc
Tose.avi
Според наставката, разликуваме тип или формат на датотека.
Името на документот го става корисникот, додека наставката ја доделува
програмата во која е изработен.
Податоци од ист вид можат да бидат запишани во различен формат.
Пример за
неколку основни формати на документи:
-
текстови: txt (Notepad), doc (Word);
-
слики: bmp (Paint), jpg, gif (Photoshop), cdr (CorelDRAW);
-
табели: xls (Excel).
- музика mp3
- видео: mpg, mpeg
Папка (Folder, директориум, именик)
Датотеките се организираат и чуваат во папки. Секоја папка има свое име. Во
една папка може да има и други папки (потпапки). Но, во една папка не може да
има две потпапки со исто име, ниту две датотеки со исто име.
Папките се организирани по систем папка-во-папка. Тој вид организација уште
го нарекуваме стебло.
Работа со датотеки и со папки
Креирање нова папка: File 🠊 New 🠊 Folder
Именување датотека/папка: File 🠊 Rename
Бришење датотека/папка: File 🠊 Delete
Селектирање
папката.
За да се направи било која активност со папка или датотека таа мора прво да се
обележи. Обележувањето се прави со лев клик на глувчето врз датотеката или папката.
Група на соседни датотеки и папки се селектира на тој начин што прво се
селектира првата датотека или папка од групата, се држи притиснато
копчето Shift од тастатурата и лев клик врз последната датотека или папка.
Група на несоседни датотеки и папки се селектира на тој начин што прво се
селектира првата датотека или папка од групата, а останатите се селектираат
со притиснато копче Ctrl од тастатурата и лев клик врз нив.
Отсекување и залепување: Edit 🠊 Cut (Ctrl + X)
Edit 🠊 Paste (Ctrl + V)
Копирање и залепување: Edit 🠊 Copy (Ctrl + C) Edit 🠊 Paste (Ctrl + V)
Практична задача:
1. Креирај фолдер со име VI-1m, или VI-2m, VI-3m
2. Во него, креирај подфолдер со твоето име.
3. Во подфолдерот со твоето име, креирај три папки со име Tekst, Sliki и Muzika
4. Преименувај го фолдерот Sliki во Fotografii
5. Пренеси го фолдерот Muzika од твојот фолдер на Desktop
6. Избриши го фолдерот Muzika од Desktop
7. Копирај го фолдерот Tekst во фолдерот Fotografii
8. Преименувај го фолдерот Tekst во Grafika
1. Креирај фолдер со име VI-1m, или VI-2m, VI-3m
2. Во него, креирај подфолдер со твоето име.
3. Во подфолдерот со твоето име, креирај три папки со име Tekst, Sliki и Muzika
4. Преименувај го фолдерот Sliki во Fotografii
5. Пренеси го фолдерот Muzika од твојот фолдер на Desktop
6. Избриши го фолдерот Muzika од Desktop
7. Копирај го фолдерот Tekst во фолдерот Fotografii
8. Преименувај го фолдерот Tekst во Grafika
No comments:
Post a Comment