Sunday, May 18, 2025

Компјутерска мрежа. Интернет.

Што е компјутерска мрежа?

  •        Компјутерска мрежа е група од два или повеќе меѓусебно поврзани компјутери.
      
Мрежно поврзаните компјутери може да се наоѓаат на помало или поголемо меѓусебно растојание и да бидат поврзани со различни уреди – жични или безжични.

Видови компјутерски мрежи


Oсновни видови компјутерски мрежи според меѓусебната оддалеченост на поврзаните компјутери се :
  • Локална компјутерска мрежа (LAN – Local Area Network).
  • Широко распространета компјутерска мрежа   (WAN – Wide Area Network).

Локална компјутерска мрежа - LAN


LAN мрежата поврзува компјутери кои се наоѓаат на мало меѓусебно растојание. 
Пример за локална компјутерска мрежа се меѓусебно поврзаните компјутери во една училница, канцеларија, куќа, зграда и слично.

Можности на локалната компјутерска мрежа:
Поврзаните компјутери може меѓусебно да делат заеднички хардверски уреди, како печатар, скенер и др., може да си разменуваат програми и фајлови.
Податоците и програмите може да се пренесуваат од еден на друг компјутер без користење на CD-а или USB меморија.
Корисникот може да определува кои од уредите или фолдерите од неговиот компјутер ќе бидат достапни за разгледување или користење од другите компјутери во мрежата.
Корисникот може и да не дозволи ништо од содржината на неговиот компјутер да биде видлива или користена од останатите компјутери во мрежата.
Корисникот може еден фолдер на својот компјутер да направи да биде видлив (делив) за останатите компјутери во мрежата или да разменува програми и фајлови со другите компјутери во мрежата.

Уреди за поврзување на компјутерите во LAN 

За поврзување во локална мрежа секој од компјутерите поврзан во мрежата треба да има своја мрежна картица.
Уредот кој го овозможува и организира преносот на податоците меѓу компјутерите во локалната мрежа се вика свич (switch). Кај помалите локални мрежи свичот може да биде дел од уредот рутер (router).
Рутерот е уред кој овозможува една локална мрежа да се поврзе со други мрежи (на пример, други локални мрежи или Интернет).

Широко распространета компјутерска мрежа - WAN


WAN мрежата поврзува компјутери на меѓусебно големо географско растојание.
На пример, во една држава, во различни држави или континенти.
WAN мрежата може да се замисли како мрежа од LAN и WAN мрежи на големо географско растојание.

Уреди за поврзување во WAN мрежа се: трансокеанските кабли, сателитите, телефонски линии и слично.


Најголемата WAN мрежа во светот се вика Интернет. Можеме да ја замислиме како мрежа од компјутерските мрежи низ целиот свет.


Кликни на линкот и одговори на прашањата поставени во квизот:


или скенирај го кодот:


1 comment:

  1. Магчымасць пазыкі, якую прапануе містэр Бенджамін, які выратаваў маю сям'ю ад фінансавай кабалы {Lfdsloans@outlook.com}

    Прывітанне ўсім, я мама-адзіночка Putri Adiratnaa з Джакарты, я хацеў бы падзяліцца гэтым выдатным сведчаннем таго, як я атрымаў пазыку ад спадара Бенджаміна, калі нас выгналі з дому, калі я больш не мог плаціць свае рахункі. Пасля падманвалі розныя кампаніі ў Інтэрнэце і адмаўлялі ў пазыцы майго банка і нейкага іншага крэдытнага саюза, які я наведаў. Мае дзеці былі прынятыя прыёмнай апекай, я была адна на вуліцы. У той дзень я ганебна ўвайшоў у старую школьную таварышу, якая пазнаёміла мяне з Дэйзі Морын. Спачатку я сказаў ёй, што больш не гатовы рызыкаваць пазыкай у Інтэрнэце, але яна мяне запэўніла, што атрымаю ад іх пазыку. Па-другое, з-за маёй бяздомнасці мне давялося прайсці судовае разбіральніцтва і падаць заяўку на крэдыт, на шчасце, я атрымаў крэдыт у памеры 80 000,00 долараў ад містэра Бенджаміна. Я шчаслівы, што рызыкнуў і падаў заяўку на крэдыт. Мае дзеці вярнуліся мне, і цяпер я маю ўласны дом і свой уласны бізнес. Уся ўдзячнасць і ўдзячнасць ідзе на дапамогу містэру Бенджаміна за тое, што ён даў мне жыццё, калі я страціў надзею. Калі вы зараз шукаеце крэдытную дапамогу, вы можаце звязацца з імі праз: {Lfdsloans@outlook.com WhatsApp + 1-989-394-3740

    ReplyDelete