Копирање и групирање на елементи во Sketch Up
За да копираме елемент во Sketch Up, прво креираме објект, на пример правоаголник (Rectangle).
Објектот ќе го дополниме со други елементи, ја одбираме командата Offset, кликаме на работ од веќе нацртаниот правоаголник и повлекуваме колку што сакаме да биде внатрешниот правоаголник.
Со оваа команда ќе добиеме уште еден правоаголник внатре во
правоаголникот
Ја одбираме алатката Materials, и одбираме боја:
Ја исполнуваме рамката со боја:
Потоа одбираме дизајн на внатрешноста на правоаголикот:
И добиваме внатрешност:
За да го копираме целиот објект, треба да го направиме
група, селектирајќи го и со десен клик избираме Make group:
Потоа ја земаме алатката Move, се позиционираме над објектот, кликаме на тастерот Ctrl, кликаме со глувчето над
објектот со веќе одбран Move и
потоа со алатката Move го
придвижуваме објектот во некој правец, на пример кон зелената оска. Резултатот
е добиен уште еден ист објект како предходниот.
Обиди се да дабиеш уште неколку
копии на истиот начин:
Користејќи
го ова упатство, креирај зграда со повеќе прозорци! Еве еден пример:
No comments:
Post a Comment