Sunday, September 29, 2024

Основно користење на папки и датотеки (документи). Избираме, разместуваме, зачувуваме


Оперативниот систем е збир на програми кои му овозможуваат на корисникот работа со компјутерот (програмите, уредите и меморијата)

Оперативни системи кај персоналните компјутери:
  • Windows–Microsoft Windows 2000, Windows XP, Windows Vista, Windows 7, Windows 10, 11... 
  •  MAC OS X- Apple, Mac OS X се Jaguar, Tiger, Panther и Leopard 
  •  LINUX- отворен за промени од корисниците и има бесплатни верзии како Ubuntu, Edubuntu, RedHat, SuSe, Mandriva и др. 
  •  UNIX-моќен оперативен систем кој често се користи за работа на сервери, Unix Ware, Solaris и др 

Карактеристики на оперативните системи

  • Денешните оперативни системи се повеќе кориснички оперативни системи (multi user OS). 
  • Денешните оперативни системи се мултитаскинг оперативни системи (multi tasking OS). 
Задача:



ЕЛЕМЕНТИ НА ОПЕРАТИВНИТЕ СИСТЕМИ

  • ДЕСКТОП - По стартувањето на оперативниот систем сликата која се прикажува на екранот се вика работна површина (Desktop). 
  • ЛЕНТА СО ЗАДАЧИ-Вообичаено, на долниот или горниот дел од десктопот се наоѓа долга тенка лента која ги прикажува имињата на програмите и фолдерите со кои корисникот работи на компјутерот. Оваа лентата се вика лента со задачи
  • ИКОНИ-Елементите распоредени по работната површина на оперативниот систем се викаат икони. Тоа се мали слики со кои се претставени програми, фајлови или фолдери. 
  •  ПРОЗОРЦИ- Содржината на иконата се прикажува во рамка која се вика прозорец. Прозорецот може да се отвори, минимизира, да му се променат димензиите или да се затвори.

ЕЛЕМЕНТИ НА ПРОЗОРЕЦОТ
  • Лента за име(title bar)- На горниот дел од прозорецот се наоѓа лента со име на програмата и фајлот или фолдерот чија содржина е прикажана во прозорецот. 
  • Копчиња за работа со прозорецот- Се наоѓаат во десниот горен агол од прозорецот и служат за спуштање на прозорецот во лентата со задачи, прикажување на целили на делод екранот и затварање на прозорецот. 
  • Мени- Под лентата со име се наоѓа лентата со менија. Менијата се ленти најчесто се состојат од: File (Датотека) мени, Edit (Уредување) мени, View (Поглед, Приказ) мени, Help (Помош) мени. 
  • Лента со алатки 
  • Лента за скролирање 
  • Дел за приказ списоци на наредби. 

Практична вежба:
  1. Вклучи го компјутерот! 
  2. Со кој оперативен систем работи компјутерот? 
  3. Разгледај ја работната површина! 
  4. Наброј ги елементите на работната површина! 
  5. Отвори го прозорецот My Computer! 
  6. Разгледај го прозорецот 
  7. Наброј ги елементите на прозорецот 
  8. Кликни на копчето Start 
  9. Како ќе се рестартира или исклучи компјутерот? 
  10. Искулчи ги компјутерот!  

Погледни го следново видео:

Фајлови и фолдери

Датотека (документ, File) 

Датотека е множество податоци организирани во целина и зачувани на дискот или на друга надворешна меморија под заедничко име. 

Датотеките ги разликуваме според името. 

Договорено е на крајот од името да се стави точка по која се додава наставка (extension) од три (може и четири) букви - име.наставка. 

Пример: zivotno.bmp      matematika.doc      Tose.avi 

Според наставката, разликуваме тип или формат на датотека. Името на документот го става корисникот, додека наставката ја доделува програмата во која е изработен. 
Податоци од ист вид можат да бидат запишани во различен формат. 

Пример за неколку основни формати на документи: 

- текстови: txt (Notepad), doc (Word); 
- слики: bmp (Paint), jpg, gif (Photoshop), cdr (CorelDRAW); 
- табели: xls (Excel). 
- музика mp3 
- видео: mpg, mpeg 

Папка (Folder, директориум, именик) 

Датотеките се организираат и чуваат во папки. Секоја папка има свое име. Во една папка може да има и други папки (потпапки). Но, во една папка не може да има две потпапки со исто име, ниту две датотеки со исто име. 

Папките се организирани по систем папка-во-папка. Тој вид организација уште го нарекуваме стебло

Работа со датотеки и со папки 

Креирање нова папка:              File 🠊 New 🠊 Folder 
Именување датотека/папка:    File 🠊 Rename 
Бришење датотека/папка:       File 🠊 Delete 

Селектирање папката. 
За да се направи било која активност со папка или датотека таа мора прво да се обележи. Обележувањето се прави со лев клик на глувчето врз датотеката или папката.

Група на соседни датотеки и папки се селектира на тој начин што прво се селектира првата датотека или папка од групата, се држи притиснато копчето Shift од тастатурата и лев клик врз последната датотека или папка. 

Група на несоседни датотеки и папки се селектира на тој начин што прво се селектира првата датотека или папка од групата, а останатите се селектираат со притиснато копче Ctrl од тастатурата и лев клик врз нив

Отсекување и залепување:      Edit 🠊 Cut (Ctrl + X)      Edit 🠊 Paste (Ctrl + V) 
Копирање и залепување:         Edit 🠊 Copy (Ctrl + C)      Edit 🠊 Paste (Ctrl + V)



Практична задача:

1. Креирај фолдер со име VI-1m, или VI-2m, VI-3m
2. Во него, креирај подфолдер со твоето име.
3. Во подфолдерот со твоето име, креирај три папки со име Tekst, Sliki и Muzika
4. Преименувај го фолдерот Sliki во Fotografii
5. Пренеси го фолдерот Muzika од твојот фолдер на Desktop
6. Избриши го фолдерот Muzika од Desktop
7. Копирај го фолдерот Tekst во фолдерот Fotografii
8. Преименувај го фолдерот Tekst во Grafika

Tuesday, September 24, 2024

Работна околина на оперативен систем. Апликативен софтвер


Софтверот, односно програмскиот дел на компјутерот е поделен на две групи на програми:

-         системски програми
-         апликативни програми


Системските програми се поделени на:
-         оперативни системи;
-         услужни програми и
-         контролни програми;



Оперативни системи

Оперативниот систем претставува множество од програми без кои ниту еден компјутер не може да работи. 
Преку оперативниот систем се воспоставува врската помеѓу корисникот и компјутерот
Оперативниот систем управува со целокупната работа на компјутерот и ги контролира сите операции што се изведуваат во централната и периферните уреди.


Постојат повеќе оперативни системи: WindowsLinuxMac OSUnix.

https://www.youtube.com/watch?v=fkGCLIQx1MI

Услужни програми

Во оваа група спаѓаат сите програми кои на некој начин нудат одредена услуга за корисникот. Тоа се програмите за заштита на компјутерот од вируси, програмите за компресија (пакување) на податоци, програмите за правење резервна копија на податоци, програмите за тестирање на компјутерот или на некои хардверски делови, програмите за конфигурирање на компјутерот и сл. Овие програми се познати под името “софтверски алатки“.  

Контролни програми

Контролните програми служат за управување со хардверот. Нивна задача е да го тестираат и контролираат хардверот при секое стартирање (вклучување) на компјутерот. Овие програми се сместени во ROM-меморијата на компјутерот и го сочинуваат т.н. BIOS (Basic Input Output System) на компјутерот.



Апликативни програми

Апликативните програми се користат за извршување (изработување) на конкретна работа – апликација, како на пример: подготовка на некоја книгауредување на некоја сликаизготвување на платапрезентација за некое предавањепребарување низ компјутерска мрежа итн.
Апликативните програми можат да се распределат во повеќе категории, во зависност од областа на примена.

-    Програми за пишување и уредување на текст 

-    Програми за табеларни пресметувања 

-    Програми со работа на бази на податоци

-    Програми за компјутерска графика

-    Програми за статистички и математички пресметувања  

-    Програми за тековно работење 

-    Програми за комуникации 

-    Мултимедијални програми 



ПРАШАЊА:


1.    Што претставува софтверот?
2.    Како е поделен софтверот (програмскиот дел на компјутерот)?
3.    Како се поделени системските програми?
4.    Како се поделени апликативните програми?
5.    Која е функцијата на оперативните ситеми?
6.    Од што е составен секој оперативен систем?
7.  Кои оперативни системи се употребуваат денес? Кој оперативен систем го користиш во твојот компјутер?
8.    Кои програми се нарекуваат апликативни програми?
9.  Наброј неколку категории на апликативни програми и објасни ја нивната примена!

Monday, September 23, 2024

Процесор. Мемории

Процесор 

Процесорот или на англиски CPU (Central Processing Unit – Централна процесирачка единица) е главниот дел на компјутерот, чија функција е да ги извршува сите пресметки, односно секоја обработка на податоците.
Процесорот е составен од голем број електронски кола поврзани во функционални целини и спакувани во еден чип. Тој е прицврстен на матичната плоча и над него се наоѓа ладилник или на англиски cooler, кој има задача постојано да го разладува процесорот, бидејќи тој се загрева при неговата работа.
На следните слики е прикажана внатрешноста на процесорот и неговиот изглед како чип.




Секој процесор има свое име и работна фреквенција.

Името доаѓа од фирмата која го произведува (пример, Intel или AMD)додека работната фреквенција, која се изразува во Hz (херци), односно моментално во GHz (гига херци, 1Gz = 109 Hz), е поврзана со брзината на работа на процесорот.



МЕМОРИЈА 

1. Надворешна меморија

Најчести надворешни мемории се:  тврд магнетен диск (анг. hard disk), компактен диск (анг. Compact DiskCD), дигитален видеодиск (анг. Digital Video DiskDVD)флеш меморија (анг. flash drive, USB) и други.

Компактен диск (англиски Compact disk), е оптички диск кој се користи за зачувување на дигитални податоци. CD-то е прв пат произведено во 1982


Компактниот диск е направен од 1,2 мм дебел диск и на него е нанесен тенок слој на супер чист алуминиум, а податоците се зачувуваат во форма на мали вдлабнатини на површината на дискот. Компактниот диск се чита со помош на фокусиран ласер.

Тврд диск или (англ. hard disk) е медиум за трајно меморирање и понатамошно користење на податоци. Се состои од алуминиумски плочи (од З до 5) обложени со магнетно чувствителен материјал, глава за читање/запишување (сместени во херметички затворена кутија) и интерфејс (што се вика и контролор) за врска со централниот систем.

Работи на принцип на магнетен запис на податоци по патеки и сектори, на секоја од плочите. Има по една глава за читање и една за запишување за секоја плоча посебно. За да може да се запишуваат податоците, плочите се логички поделени во патеки и сектори. 
Капацитетот на еден тврд диск се цени според:
- капацитетот или количината на бајти која може да се запише на дискот;
- брзина на пренос односно количина (број) на бајти во една секунда
- време на пребарување запис кое се мери во милисекунди ms (10-20)


Флеш меморија (USB/flash drive)

    USB флеш -уред или USB мемориски драјв е мал пренослив уред за складирање податоци што користи флеш меморија и USB конектор. Се приклучува на нормална USB порта тип А, или на компјутер. Уредот се напојува преку приклучокот на компјутерот и не му треба надворешно напојување. За разлика од другите преносливи медиуми за складирање податоци, USB флеш драјвовите користат полупроводничка технологија (чипови) за складирање податоци. Ова го прави отпорен на физичко оштетување и прашина. Нивниот капацитет се повеќе се зголемува, од почетните 16 МВ, до денешните неколку GB, па и TB.



Внатрешна меморија

Постојат два вида внатрешна меморија:

-         RAM (Random Access Memory – Меморија со случаен пристап)
o       оваа меморија се нарекува и работна меморија или главна меморија;
o       во неа податоците можат да се запишуваатда се бришат и да се преместуваат од едно место на друго;
o       нејзината функција е да ги чува тековните податоци на програмите кога тие се извршуваат;
o       нејзината големина (капацитет) може да изнесува 1GB, 2 GB, 4 GB, 8 GB, па и многу повеќе.
o       големината (капацитетот) на RAM меморијата битно влијае врз брзината на работа на компјутерот (секако, заедно со останатите компоненти);

o       RAM меморијата претставува чип кој се прицврстува на матичната плоча; на една матична плоча можат да се прицврстат повеќе RAM мемориски чипови, во зависност од бројот на лежишта што ги има матичната плоча.
                  На следната слика е прикажана RAM меморија
-         ROM (Read Only Memory – Меморија само за читање)

o       во ROM меморијата се сместени програми што се извршуваат веднаш по секое вклучување на компјутерот и овозможуваат тој да се доведе во работна состојба, а и потоа имаат голема улога во контролата на работата на компјутерот. 
Содржина на ROM меморијата не се менува;

o       RОM меморијата претставува чип кој е прицврстен на матичната плоча (за разлика од RAM меморијата, овој чип не се менува).
                  На следната слика е прикажана RОM меморија



Погледнете го видеото:



Friday, September 13, 2024

Компјутерски систем. Хардвер и софтвер. Влезни уреди. Излезни уреди

Компјутерски систем

Компјутерот е машина способна да работи автоматски, што значи да ги извршува потребните операции без учество на човекот. Но,човекот треба да ги обезбеди податоците и програмите според кои ќе работи компјутерот. Затоа секој компјутер мора да има машински дел -  хардвер (hardware) и програмски дел - софтвер (software).
Maшинскиот дел е се она што можеш да го видиш или да го допреш. А програмскиот дел се сите програми во компјутерот.




Машинскиот дел го сочинуваат сите физички единици што можеме да ги допреме и видиме.
  • Процесор -дел кој обработува податоци во кој се извршуваат програмски инструкции и операции.
  • Внатрешна меморија-дел во кој се чуваат податоците и програмите додека работи компјутерот.
  • Влезни единици-делови со кои внесуваме податоци и даваме наредби (тастатура,глувче,скенер)
  • Излезни единици-делови за прикажување  на податоци (монитор,печатач...)
  • Надворешни мемории - делови каде што се чуваат податоците  кога не работи компјутерот (хард диск, CD, USB/флеш меморија)


 Влезни и Излезни уреди
Човекот ја врши комуникацијата со персоналниот компјутер преку посебни уреди т.н. влезни единици и излезни единици. Преку влезните единици на персоналниот компјутер му се задаваат команди, се внесуваат податоците. Задачата на влезните единици е применетите команди и податоците во аналогна форма ( облик на број, текст, звук или слика), да ги преведе во низа електрични импулси што централната единица можа да ги препознае и да ги смести во меморијата како битови (нули и единици).

Влезни уреди се:
-Тастатура
-Глувче
-Скенер
-Микрофон

Тастатура
-Тастатурата има повеќе од 100 копчиња за внесување на податоци во компјутерот преку типкање. Постојат различни видови на тастатури според изгледот, распореденоста на копчињата, начинот на поврзување со компјутерот, материјалот од кој се направени и друго.







Глувче
-Глувче е уред за покажување, бришење, преместување, избирање и друго. 



Скенер
-Скенер е уред за внесување на графички податоци.
Според површината скенерот може да биде:
-деск скенер ( за голема површина)
-рачен скенер (за мала површина)
Микрофон
-Микрофон е уред за внесување на звук во компјутерот.
Излезни уреди се:
-Монитор
-Звучници

-Слушалки
-Печатар

Монитор
-Монитор е излезен уред кој покажува слика и текст.

Резолуција на екранот е бројот на точки (пикесли) вертикално и хоризонтално со кои е исцртана сликата.
Големината на екранот се мери дијагонално и се изразува во единица мерка инч  (1’’=2.54 см)

Звучници
-Звучниците се уреди за пренос на звукот податоци до компјутерот. Освен звучници имаме и слушалки.
Печатар
 -Печатар е уред за прикажување на податоци од компјутерот на хартија или фолија.
Видови на печатари:
-Инкџет (прскаат под притисок мастило на хартија)
-Ласерски (ласерски сноп ја пече нанесената боја од тонерот на хартијата).



Wednesday, September 4, 2024

Основни компјутерски поими

ИНФОРМАЦИЈА+АВТОМАТИКА=ИНФОРМАТИКА

Информатика е наука која го проучува прибирањето, чувањето и обработката на информации и податоци со помош на компјутер.

Податоци се броеви, зборови, звуци, симболи, слики, текст и слично кои сами за себе немаат одредено значење за човекот.

Компјутерот е електронски уред за работа со податоци и информации.








Повеќе податоци, поврзани по некој логички редослед претставуваат информација.


Квиз на знаење: