Текстовите на која било тема секогаш се поинтересни и попривлечни за оној за кого се наменети ако во нив има и слики со кои се надополнува и нагласува значењето на текстот.
ПОСТАВУВАЊЕ СЛИКИ ВО ТЕКСТУАЛЕН ДОКУМЕНТ
Корисникот може да поставува во документот готови слики од галеријата на програмата или свои слики – цртани во некоја графичка програма, фотографии, слики од Интернет итн. Слики од фолдери на корисникот се внесуваат со:
Insert → Picture → „From file“ (Вметнување → Слика → „Од датотека“)
по што се избира локацијата на сликата која треба да се постави во документот.
Избраната слика се прикажува во документот на местото каде
што трепка курсорот. Пред да се внесе сликата треба да се постави
курсорот на местото каде треба да се прикаже сликата.
АКТИВНОСТИ СО СЛИКИ
Сликите може да се менуваат на различни начини: по димензија,
боја, може да се ротираат, да се поставуваат рамки околу нив, да се
пишува околу или врз нив и слично.
Најголемиот дел од промените на изгледот на сликата: ротација, сечење,
промена на боите, контрастот на бои и сл. се прават со алатките од лентата
„Picture Tools“ која се вклучува со селектирање на сликата:
Picture Tools → Format
ПРОМЕНА НА ДИМЕНЗИИ НА СЛИКАТА
Најчесто користена промена која се прави на сликите е промената на
нивните димензии. Тоа се постигнува со клик на сликата. Околу сликата
се појавуваат црни квадратчиња кои со дијагонално, хоризонтално и
вертикално влечење, во двете насоки, ги менуваат димензиите и изгледот на
сликата.
ЦРТАЊЕ ГРАФИЧКИ ОБЈЕКТИ (ФОРМИ)
Во Word документот може да се цртаат графички објекти. Се цртаат со
избор на соодветните алатки за цртање: Insert → Shapes
No comments:
Post a Comment