Tuesday, January 23, 2024

Интернет и Сервиси на Интернет

Интернет адреса на секој компјутер на Интернет


  • Секој компјутер за да биде поврзан на Интернет мора да има своја адреса, Интернет адреса (IP).
  • Со оваа адреса компјутерот може да биде пронајден и да ги добива потребните податоци од Интернет, а во исто време и да испраќа свои кон други компјутери на Интернет.
  • Секој фајл поставен за разгледување на некој компјутер на Интернет (текст, слика, видео клип, музика и сл.) мора да има своја адреса која се вика веб адреса или URL (Uniform Resource Locator).

Начини на поврзување на Интернет

Фирмите кои го овозможуваат поврзувањето на Интернет се викаат Интернет Сервис Провајдери (ISP).

Поврзувањето може да се направи на неколку различни начини:
  • Преку фиксна телефонска линија
  • Преку телевизија:
    • кабловска
    • сателитска
  • Безжично (WIFI, WADSL, WiMAX)
  • Преку мобилна телефонија (GPRS, EDGE, 3G-HSDPA, 4G-LTE)
Секој од овие начини на поврзување користи различни уреди (телефонски линии, модеми, сателити, кабли, безжични адаптери итн.) од кои зависи брзината на пренос на податоците, цената, можностите итн. Секој корисник може да го избере оној начин на поврзување кој најмногу му одговара.


Сервиси на Интернет

Сите можности кои ги нуди Интернет за разговори, размена на пораки, информации, купување, симнување слики, музика, видео клипови и сл. се викаат Интернет сервиси.
Сервисите работат преку компјутери поврзани на Интернет кои се викаат сервери.

Компјутерите поврзани на Интернет кои ги користат можностите на Интернет се викаат клиенти.
Слично на трговски центар во кој еден дел од луѓето нудат услуги а поголемиот дел ги користат, на пример паркинг, продавници за различни производи, ресторани, пошти, банки, фризерници, киносали итн.

Некои од сервисите на Интернет се:

WWW (World Wide Web) . Сервис за поставување на свои и разгледување на други веб сајтови.

Search Engines (машини за пребарување). Сервис за пронаоѓање потребни информации на Интернет.

E-mail. Сервис за примање и испраќање на електронска пошта.

Интерактивно комуницирање. Сервис за текстуално, звучно или видео комуницирање меѓу луѓето кои се во исто време на Интернет. Комуникацијата се остварува преку различни програми како Viber, Messenger, Skype и др.

E-commerce.Сервис за онлајн купување и продавање различни производи и вршење на различни он услуги

Eлектронско банкарство.Сервис за проверка на банкарска сметка, плаќање на сметки и слично.
Download. Различни сервиси за симнување на податоци од мрежата (слики, музика, видео клипови, филмови и сл) и др.

Upload. Различни сервиси за испраќање податоци кон мрежата.
Одговори на прашањата од квизот со клик на линкот:

1 comment:

  1. The Poker Room at The Forum - JTM Hub
    Hi 강릉 출장마사지 there, I have been following this project for 3 years. 울산광역 출장샵 It has never been easier. I have spent 제주도 출장샵 countless hours researching and 화성 출장안마 working on 강원도 출장안마 this project

    ReplyDelete