Оваа недела завршуваме со содржините за Scratch. Затоа повторете ги изучените содржини на блогот, потсетете се, и најкасно до петок (10.04.2020 год.) одговорете на квизот.
Кликнете на линкот и одговорете ги дадените прашања:
Контролен тест за Scratch
или скенирај го кодот со твојот мобилен телефон:
Sunday, April 5, 2020
Monday, March 30, 2020
Структура за повторување во Scratch
Структурите за повторување во Scratch ќе ги повториме преку следново Видео. Ние, наставниците изработивме различни видеа за различни содржини кои ќе ви помогнат во совладување на наставниот материјал. Ќе го погледнете видеото, ќе ги направите вежбите кои се прикажани во него и ќе ги изработите задачите кои се зададени за дома. Решенијата ќе ги сликате и ќе ми ги испратите до петок (03.04.2020) како и досега што правевте со вашите домашни задачи. Видеото може во секое време да го паузирате за да видете нешто повторно или да вратите наназад. Ако нешто не ви е јасно, слободно ќе ме контактирате. Сега кликнете на линкот:
Структури за повторување
Tuesday, March 24, 2020
Квиз 1 за проверка на знаењата
Кликнете на линкот и одговорете на прашањата!
КВИЗ 1
или скенирајте го кодот со вашиот мобилен телефон:
КВИЗ 1
или скенирајте го кодот со вашиот мобилен телефон:
Friday, January 31, 2020
Запознавање со интегрирана околина за програмирање
За да ги пишува и развива своите програми, програмерот користи група на програми кои ја сочинуваат таканаречената околина за програмирање.
Програмската околина речиси секогаш се состои од едитор, компајлер, библиотека на готови програми и дебагер.
Овие програми можат да бидат посебни или меѓусебе поврзани во една програма која се вика интегрирана развојна околина (Integreted Development Environment -IDE) за програмскиот јазик.
Библиотеката на готови програми претставува фајл, кој е колекција од веќе напишани мали често користени програми во програмската околина.
Има графички, математички библиотеки и сл. Овие библиотечни програми може да бидат повикани и извршени од новонапишаната програма со што им се олеснува на програмерите и се скратува времето на развивањето на новата програма.

Програмски
едитор е
специјално дизајниран текстуален едитор во IDE каде се пишува изворниот код на
програмата.
Sunday, September 9, 2018
ИСТОРИСКИ РАЗВОЈ НА КОМПЈУТЕРИТЕ
Прва генерација компјутери
За прв електронски компјутер се смета ENIAC. ENIAC имал вградени 18 000 електронски ламби, зафаќал простор од 150 м квадратни, тежел 30 тони, постојано работел-не се исклучувал и се расипувал на секои 7 минути и имал посебни уреди за ладење, поради преголемото загревање.
- Компјутерите од првата генерација за обработка на податоци користеле електронски лампи.

- Тие биле огромни, зафаќале цели катови и трошеле многу електрична енергија, работеле бавно и помнеле малку податоци.
Втора генерација
- Компјутерите од втората генерација користеле транзистори
- станале помали, поевтини, помалку се загревале и трошеле помалку енергија
- имале поголема меморија и работеле и до дестпати побрзо.
- имале меморија слична на денешната, магнетен диск и печатач.
- започнал и развојот на програмските јазици.
Трета генерација
- биле многу помали и побрзи од компјутерите од првата и од втората генерација.
- користеле монитор и тастатура

- за прв пат се појавил оперативен систем − програма што управувала со компјутерот
Четврта генерација
- Во нив е вграден нов елемент − микрочип.
- Микрочипот е парче силициум на кое се спакувани милиони транзистори и други електронски елементи и може да извршуваат неколку милиони операции во секунда.
- Компјутерите во кои се вградени микрочиповите ги нарекуваме микро-компјутери т.е персонални компјутери.
- Бил направен од Стив Џобс и Стив Вознијак и се викал Apple I (Ејпл 1).
Денес се развиваат и користат и компјутери од т.н. Петта генерација компјутери, кои имаат способност за паралелна работа. Исто така, се развива и Шеста генерација компјутери т.н. невронски комијутери, чија работа е слична со работата на невроните во човечкиот мозок и се очекува ова да биде идна генерација на компјутери
Погледни го линкот: Историски развој на комјутерите
Прва генерација компјутери
Петта генерација компјутери
Задача:
Креирај табела за секоја генерација компјутери и навди ги најважните карактеристики за секоја од нив.

Карактеристики
за секоја генерација
|
||||||
Прва генерација
|
||||||
Втора генерација
|
||||||
Трета генерација
|
||||||
Четбрта генерација
|
||||||
Subscribe to:
Posts (Atom)