Стани „Дигитален Супер-Агент!“ 🕵️♂️💻
🔎 Мисија 1: Интернет Истражувач
Смислете 3 добри клучни зборови за да најдете каде живее Балканскиот рис во Македонија и колку единки останале. Отворете една веб-страница што ќе ви се понуди (внимавајте да биде безбедна, на пр. .org, .mk, .edu). Во тетратката, запишете го следново: Кои клучни зборови ги искористивте? Која е точната адреса (URL) на страницата каде што ја најдовте информацијата? Каква наставка има таа страница (.com, .org, .mk) и што значи таа наставка?
🎨 Мисија 2: Креатор за Безбедност
Нацртајте еден голем „ШТИТ НА БЕЗБЕДНОСТА“ 🛡️. Внатре во штитот или до штитот (со алатката за текст A), напишете ДВЕ златни правила за безбедност на Интернет кои ги научивме (на пр. нешто поврзано со лозинки или правилно изразување). До штитот, нацртајте еден хардверски уред (на пр. микрофон или камера) кој ни треба за комуникација и напишете го неговото име. Зачувајте ја сликата во вашиот фолдер со име: Agent_ImePrezime.
🚀 Мисија 3: Поднесување на извештајот на Блогот
Во полето за коментар (текст), напишете го вашиот извештај од Мисија 1 (клучните зборови, URL адресата и наставката).
ВНИМАНИЕ: Коментарот мора да биде напишан според правилата! Започнете со поздрав, не користете само ГОЛЕМИ БУКВИ, пишувајте јасно.
Во полето за коментар (текст), напишете го вашиот извештај од Мисија 1 (клучните зборови, URL адресата и наставката).
Пребарувач наспроти прелистувач: Пребарување со клучни зборови и препознавање домен (.mk, .org). Практична примена на софтвер: Користење прелистувач, Paint и платформата за Блог. Безбедност и хардвер: Уреди за комуникација и правила за безбедност (вметнати во цртежот). Онлајн комуникација: Начинот на форматирање и пишвање коментар на блогот или во тетратка.
No comments:
Post a Comment