Wednesday, September 30, 2026

Правила за работа со компјутер

 

🖥️ Правила за работа со компјутер!

👋 Компјутерите се нашите најдобри алатки за учење, забава и креативност. Но, исто како што постојат правила за возење велосипед или играње фудбал, постојат и правила за работа со компјутер.

На денешниот час ќе научиме како да го заштитиме нашето здравје, нашиот компјутер и нашата животна средина!


🗣️ Активност 1: Разговор 

Што мислите, зошто не смееме да јадеме над тастатурата? Дали некогаш ве болел вратот по долго седење пред екран? 

🪑 Активност 2: Како правилно да седиме? 

Здравјето е на прво место!  

Eргономијата e наука за прилагодување на работната средина кон човекот.
Практична вежба: Секој ученик на своето работно место да ја прилагоди опремата според својата висина.



  • Грбот мора да биде исправен!

  • Екранот да е во висина на очите.

  • Стапалата да се рамно на подот.

💻 Активност 3: Вие сте на потег – Креирање постер! 

Поделени во парови или мали групи, вашата задача денес е да креирате мини постер (на пр. во Paint) која ќе ги содржи најважните правила за работа во компјутерската училница.

Еве ги темите кои мора да ги содржи вашиот постер:

  1. 🍔 Без храна и пијалоци: Објаснете зошто трошките и течностите се најголемите непријатели на тастатурата и компјутерските делови.

  2. 🧘‍♀️ Правилна поставеност на телото: Нацртајте како треба да изгледа правилно седење (оној дел што го вежбавме претходно).

  3. 🎨 Креативно и етичко користење на програмите: Потсетете ги другарчињата дека компјутерот се користи за учење и креативност. Правило: Почитувај го трудот на другите и не копирај туѓи изработки!

  4. 🔄 Навремено надградување на софтверот (Updates): Зошто е важно да ги прифаќаме оние известувања за "Update"? (Помош: Заради заштита од вируси и побрза работа на уредот).

  5. ⏳ Користење паузи (Правило 20-20-20): Објаснете го правилото за одмор на очите: На секои 20 минути, гледајте во предмет оддалечен 20 стапки (околу 6 метри) во времетраење од 20 секунди!

  6. ♻️ Е-отпад (Правилно отстранување на стари уреди): Што правиме со старите глувци, тастатури и расипани телефони? Тие не смеат да завршат во обична канта бидејќи ја загадуваат природата. Треба да се рециклираат!

📢 Споделување на наученото 

Да покажаме што креиравме пред останатите во одделението и да заклучиме што научивме денес.

Зачувајте го вашиот постер во вашиот фолдер со име Poster!


💡 Совет плус за дома:

Обидете се овие правила да ги примените и дома! Прилагодете го вашето столче, тргнете го сокот подалеку од лаптопот и не заборавајте да ги одморите очите.

No comments:

Post a Comment