Задачи за повторување во Scratch: Обиди се самостојно да ги решиш задачите!
Задача1: Креирај програма во Scratch, која
ќе одреди дали бројот што го внесуваме е поголем од 5, помал од 5 или еднаков
на 5.
Задача2: Креирај
програма во Scratch, која ќе одреди колку е просекот на оценките по предметите
Математика, Информатика и Англиски. Треба да ги внесете оценките за сите три предмети
и да пресметате просек. (Збирот на оценките го делиме со 3)
Задача3: Еден терен во форма на квадрат треба да се загради со
жица. Напиши програм во Scratch со кој ќе се пресмета колку метри жица се
потребни за ограда, ако внесуваме една страна на теренот.
Задача4: Една училница треба да се реновира, и да се
сменат плочките на подот, но не знаеме колку квадрати плочки се потребни за
неа. Креирај програма во Scratch која ќе пресмета колку е површината на училницата
во правоаголна форма, ако ги внесуваме ширината и должината на училницата.
Задача5: Креирај програма во Scratch со која еден лик ќе
се лизга на екранот постојано, а истовремено друг лик ќе се управува со
стрелките за лево, десно, горе и долу. Штом ќе се допрат, да се случи некој
настан по избор. (да се поздрават, да се смени бојата на некој од ликовите,...)
Поставите позадина како што мислите дека одговара најмногу.