- Секој компјутер за да биде поврзан на Интернет мора да има своја адреса, Интернет адреса (IP).
- Со оваа адреса компјутерот може да биде пронајден и да ги добива потребните податоци од Интернет, а во исто време и да испраќа свои кон други компјутери на Интернет.
- Секој фајл поставен за разгледување на некој компјутер на Интернет (текст, слика, видео клип, музика и сл.) мора да има своја адреса која се вика веб адреса или URL (Uniform Resource Locator).
Начини на поврзување на Интернет
Фирмите кои го овозможуваат поврзувањето на Интернет се викаат Интернет Сервис Провајдери (ISP).
Поврзувањето може да се направи на неколку различни начини:
- Преку фиксна телефонска линија
- Преку телевизија:
- кабловска
- сателитска
- Безжично (WIFI, WADSL, WiMAX)
- Преку мобилна телефонија (GPRS, EDGE, 3G-HSDPA, 4G-LTE)
Секој од овие начини на поврзување користи различни уреди (телефонски линии, модеми, сателити, кабли, безжични адаптери итн.) од кои зависи брзината на пренос на податоците, цената, можностите итн. Секој корисник може да го избере оној начин на поврзување кој најмногу му одговара.
Сервиси на Интернет
Сите можности кои ги нуди Интернет
за разговори, размена на
пораки,
информации, купување, симнување слики, музика, видео клипови и сл. се викаат Интернет
сервиси.
Сервисите
работат преку компјутери
поврзани на Интернет кои се викаат сервери.
Компјутерите поврзани
на Интернет кои ги користат можностите на Интернет се викаат клиенти.
Слично
на трговски центар во кој еден дел од луѓето нудат услуги а
поголемиот дел ги користат, на пример паркинг, продавници за различни производи,
ресторани, пошти, банки, фризерници, киносали итн.
Некои од сервисите на Интернет се:
WWW (World Wide Web) . Сервис
за поставување на
свои и разгледување на други веб сајтови.
Search Engines (машини
за пребарување). Сервис
за пронаоѓање потребни информации на
Интернет.
E-mail. Сервис
за примање и испраќање
на електронска пошта.
Интерактивно комуницирање. Сервис
за текстуално,
звучно или видео комуницирање меѓу
луѓето кои се во исто време на Интернет. Комуникацијата
се остварува преку различни програми
како Viber, Messenger, Skype и др.
E-commerce.Сервис
за онлајн
купување и продавање различни
производи и вршење на
различни он услуги
Eлектронско банкарство.Сервис
за проверка
на банкарска сметка, плаќање на сметки
и слично.
Download. Различни
сервиси за симнување
на податоци од мрежата (слики,
музика, видео клипови, филмови и
сл) и др.
Upload. Различни
сервиси за испраќање податоци
кон мрежата.
Одговори на прашањата од квизот со клик на линкот: