Што е алгоритам?
Поимот алгоритам порано претежно се користел за аритметички постапки, но со развојот на компјутерите, изразот добива погенерална смисла, надвор од аритметичките постапки.
Најчесто се поврзува со математичките и компјутерските науки каде:
Алгоритам претставува процесура или формула за решавање на некој проблем.
Алгоритам во пресметковен проблем
Голем број на пресметковни проблеми можат да се решат со некој алгоритам.
Пример: Да се најде бројот кој стои на местото на прашалникот:
?+2=5
Кои постапки ги примени?
Што е она што го пресмета?
?+2=5
Инструкција1: Да се префрли бројот 2 од другата страна со спротивен знак кој е оној пред 2
?=5-2
Инструкција2: Да се изврши операцијата одземање:
?=3
Алгоритам од секојдневниот живот:Правење палачинки:
1. Во еден сад да се изматат 3 јајца
2. Да се додаде 50 гр. шеќер, 250 гр. брашно, 30мл масло, 250мл вода и 250 мл млеко
3. Смесата да се измати
4. Да се загрее во тавче лажица масло 3 мин.
5. Да се стави во тавчето една црпалка за супа од смесата
6. Да се пеќе од едната страна една минута
7. Да се преврти смесата од другата страна
8. Да се пече една минута
9. Да се извади од чинијата
10. Да се намачка со мармалад
11. Да се завитка во ролат
Дефениција за алгоритам
Алгоритам претставува постапка со која се извршува некоја работа преку задавање на општи чекори кои:
- Имаат даден „влез“ (нешто од каде почнува работата)
- Постапката е конечна низа од добро дефинирани инструкции (чекори) и правила кои еден човек би можел да ги изврши без никакво размислување
- Даваат одреден „излез“ (ја извршуваат работата)
Кои се елементите за правење палачинки?
Влез: Брашно, шеќер, јајца, млеко, вода, масло, сад
Постапки: Чекорите за правење
Излез: Палачинки
Што се бара од еден алгоритам?
- Алгоритмите треба да бидат недвосмислени, јасни, прецизни
- Треба прецизно да е утврден редоследот на извршувањето на инструкциите
-Треба да е разбирлив за секого, независно кој го напишал
Важно: За даден проблем може да се напишат различни алгоритми и сите да бидат точни!
Погледни го видеото:
Задачи:
1. Дали можете да направите алгоритам за варење турско кафе?
2. Дали можете да направите алгоритам за јавување преку телефон?
3. Дали можете да направите алгоритам за припрема за час?
4. Дали можете да напишете алгоритам за играње на играта „не лути се човече“?
Инструкции
Инструкциите се јасно дефинирани едноставни наредби или чекори кои треба да се изведат за да се постигне одредена цел.
- Инструкциите треба да се едноставни, односно најчесто да содржат едно барање
- Инструкциите треба да се јасни, што значи да даваат прецизни, недвосмислени наредби, разбирливи за оној што треба да ги изврши
- Редоследот на инструкциите треба да е правилен
Програма
Програма претставува множество (низа, листа) од инструкции за решавање на одреден проблем со компјутер.
- Програмата мора да биде извршена од компјутер, односно програмите му кажуваат на компјутерот како да реши одреден проблем
- За да работат компјутерите потребни се програми
Програмите се всушност алгоритми напишани на јазици кои се специјално дизајнирани за да бидат разбирливи за компјутерите.