Програмата
за отворање, разгледување и
движење „сурфање“
низ различни веб страници од
веб сајтовите се вика веб прелистувач
(Web browser).
Познати Веб прелистувачи - Web Browser
Постојат
голем број на веб прелистувачи, но најпопуларни се:
Google
Chrome, Mozilla Firefox, Microsoft Internet
Explorer, Opera, Safari...
На еден компјутер може да има
инсталирано неколку различни веб прелистувачи.
Корисникот може да избере со кој од нив ќе работи или може
да ги користи истовремено.
Елементи на Веб прелистувачите
1. Лента за име на прикажаниот веб
сајт и име на веб прелистувачот.
2. Мени за работа со
приказот на веб страниците во веб прелистувачот.
- File може
да се отвараат јазичиња, да се меморира или
печати прикажана веб страница и сл.
-
View може
да се избираат алатките кои ќе се прикажуваат
во лентата со алатки, да се зумира
погледот на веб страницата и сл.
- Bookmarks (Favorites) може
да се креираат листи на адресите
на веб страниците кои корисникот сака повторно да ги посети. На
овој начин не мора да ги памти, ниту да ги пишува, туку едноставно од Bookmarks
ќе ги избира со клик.
-
History
може да се креира листа на веб
страниците кои се посетени
во период, на пример, од последната недела, месец и сл.
3. Алатки за работа со приказот на Веб страниците во Веб прелистувачот
Back – враќа на претходно посетена
страница.
Forward – враќа на страницата од која
корисникот се вратил на претходната.
Reload или Refresh –
ја „полни“ повторно истата страница затоа што
првиот обид бил неуспешен, се одвивал многу споро или не завршил
потполно.
Stop –
го прекинува вчитувањето на веб страницата ако, на пример, вчитувањето
оди многу споро и слично.
Home – ја прикажува почетната страница
на веб разгледувачот.
4. Поле
за внесување на адреса на веб страница.
Адресата
се внесува со тастатура со англиска поддршка.
5. Страницата
со
внесната адреса започнува да се полни откако ќе се притисне
копчето
Enter на тастатурата. При внесување на веб адресата во
веб
прелистувачот
не е важно дали ќе се напише со мали или големи букви.
http://www.ohrid.org.mk
= HTTP://WWW.OHRID.ORG.MK
6. Покажувач на пристап до веб страница со внесена адреса.
Покажувачот
е
анимирана сликичка (прозорец кој се вее, стрелка која врти
во
круг и сл.). Кога е активна тоа значи дека веб прелистувачот се
обидува
да
му пристапи на компјутерот на кој се наоѓа веб страницата.
7. Покажувач на статусот е
правоаголно поле кое постепено се полни со квадратчиња
и
така може да се следи до каде е полнењето на саканата веб
страница
во
веб прелистувачот.
8. Дел за прикажување на содржината на веб страницата
9. Јазичиња во кои се отворени различни веб страници во истиот прозорец
на веб разгледувачот. Во
одредено време може да биде
активен
и
да се разгледува веб страницата во еден таб.
Активност1: Одговори ги прашањата
1. Како се викаат
програмите за разгледување на веб страници?
2. Наброј ги имињата
на најпознатите програми за разгледување на веб страници!
3. Дали може на еден
компјутер да има повеќе различни програми за
разгледување на веб
страници?
4. Дали може да се
користат паралелно различни програми за
разгледување на веб
страници?
5. Кои се алатките
во прозорецот на секој веб прелистувач за движење и
работа со веб
страниците?
6. Што овозможува
алатката History?
7. Што овозможува
алатката Favorites (Bookmarks)?
8. За што служи
полето address?
9.
Што се тоа покажувачи на пристапот до веб страницата, а што покажувачи на статусот?
No comments:
Post a Comment