Sunday, May 3, 2020

Додавање ефекти на презентација

Додавање звук и видео во презентација


Во мултимедијалната презентација можат да се додадат видео клипови кои се наоѓаат online, но и клипови кои се зачувани на мемориските уреди на компјутерот.
При додавање на звук во презентацијата имаме избор да додадеме звучен фајл кој се наоѓа на компјутерот или пак да снимиме звучен фајл преку апликациите на компјутерот. При додавање на звук или видео на мени лентата се појавуваат доплнителни менија за уредување на овие фајлови.

Поим за визуелни и звучни ефекти во презентација

Во презентацијата може да се воспоставуваат звучни и визуелни ефекти

Визуелните ефекти можат да бидат поставени како:

  • ефекти на премин меѓу слајдовите (ефект на транзиција) или
  • ефекти на анимација - движење на објектите поставени на слајдот
Звучните ефекти најчесто се пропратни ефекти на видео ефектите.


Ефекти на транзиција

Ефектите на премин или транзиција се визуелни ефекти кои се појавуваат при премин од еден на друг слајд.
Овие ефекти овозможуваат сигнализирање на корисниците на презентацијата дека ќе бидат прикажани нови информации, нов слајд.
Програмите за креирање презентации овозможуваат доделување ист ефект на премин за сите слајдови во презентацијата или различни ефекти на транзиција за секој слајд. За ефектите на премин може да се избере брзина, звук и начин на активирање.





Ефекти на анимација


Анимација е брзо менување на приказот на голем број слики една по друга при што се добива ефект на движење на објектот прикажан на сликите. Анимациите според движењето на објектот на слајдот се поделени на 4 видови:

• влез на објектот на слајдот.
• нагласување на објект на слајдот.
• објектот го напушта слајдот.
• објектот на слајдот опишува избрана патека.

За анимациите во зависност од категоријата на која и припаѓаат може да се изберат параметри како што се: брзина, начин и редослед на појавување, насока, изглед на патека, големина и сл.

На секој објект на слајдот може да му се додели ефект на анимација.






За  да додадеме анимации на објектите од слајдот најпрво го селектираме објектот, а потоа избираме начин на движење односно анимација преку менито Animations и опцијата Add Animation. Од прозорецот можеме да избереме некоја од најчесто користените, но може и да избереме преку опцијата More која се наоѓа на долниот дел од прозорецот. Поставените анимации во панелот на десната страна можеме да ги реорганизираме, односно да им дадеме друг редослед, да ги бришеме и да им додаваме дополнителни опции од типот кога да се појават и на кој начин.


Внесување хиперврски


Преку менито Insert можеме да додадеме рамки за текст, готови објекти, звук, видео, линкови итн.

Линкови или хиперлинкови претставуваат врски до други места. Преку менито Insert - Hyperlink, можеме да поставиме линк до одредено место. Постојат линкови кои можат да не поврзат до 4 места: до постоечки фајл или веб страница, до место или објект во истиот документ, до нов документ или до некоја е-маил адреса.

Акциски копчиња



Алатката Action ни нуди можност да поставиме одредена акција при кликнување на текст, копче или некој објект. Притоа при извршување на акцијата можеме да преминеме на друг слајд, да повикаме одредена програма, да се вратиме на почетокот на презентацијата и слично. Акцијата може да се активира со кликнување на глувчето (mouse click) или пак само со поминување над местото каде е поставена акцијата (mouse over). Исто така преку опцијата Insert – Shapes можеме да додадеме готови облици и притоа да им дадеме акции како акциски копчиња, односно да вршат одредена акција.


Пред да ја изработете домашната задача, погледнете го видеото за Додавање ефекти во презентација:




Домашна задача:

Изработете презентација која ќе содржи 5 слајдови. 
        Првиот ќе биде насловен како Моите омилени нешта...
        Вториот ќе има наслов Моето омилено хоби, и секој ќе запише што е неговото хоби (може да се читање книги, слушање музика, спорт,... и слики поврзани со тоа хоби
       Третиот слајд со налов Моето милениче, и секој ќе напише дали има или нема милениче. Ако има кое е, како се вика, слика..., а ако нема што би сакал да има и слика од тоа што би сакал да му е милениче.
       Четвртиот слајд да биде Мојот омилен училишен предмет, и секој да запише кој е неговиот училишен предмет, и слика поврзана со тој предмет.
       Петтиот слајд нека е завршен со информација за тоа кој ја изработил презентацијата.

Да се постави:
  • дизајн на секој слајд,
  • ефект на транзиција
  • ефект на анимација на барем еден објект од секој слајд
  • акциско копче, односно хиперлинк (Home) кое ќе не носи од последниот до првиот слајд.
Зачувајте ја со име Moite omileni nesta во твојот компјутер и испрати ја најкасно до петок (8.05.2020) по Viber или e-mail (viktorija.poposka@gmail.com)

No comments:

Post a Comment