Што ќе научиме:
- Да разликуваме, идентификуваме и опишуваме три концепти (секвенца, итерација, селекција) кај алгоритмите.
- Да конструираме и изведуваме инструкции од конкретни игри на правилен начин.
- Да може да создадеме едноставен алгоритам користејќи секвенца, итерација, и селекција, и при тоа да ги разбираме на концептите.
Алгоритам е множество на инструкции, чекор по чекор, за решавање на проблем или завршување на задача. Алгоритмите се насекаде, од рецепти за готвење до компјутерски програми.
Во
оваа лекција, ќе истражиме три важни концепти во алгоритмите: секвенца, селекција
и итерација.
Секвенца- редоследно извршување на чекорите
Секвенца се однесува на специфичниот редослед во кој се извршуваат чекорите.
Замислете го како следење на рецепт. Ако ги мешате состојките во погрешен ред,
јадењето може да не излезе како што треба.
Активност1 – Алгоритам за правење колач:
Чекорите за правење едноставен колач:
- Соберете ги состојките: јајца, брашно, шеќер и млеко.
- Измешајте ги сувите состојки: брашно и шеќер.
- Додадете ги течните состојки: јајца и млеко.
- Мешајте додека не стане хомогено.
- Испечете го колачот
Секој чекор од рецептот се извршува редоследно и може да се скицира графички, во форма на блок дијаграм.
Во овој пример, редоследот на чекорите е важен. Ако ги прескокнете или преместите,
резултатот ќе се промени.
Итерација- повторување, циклус (loop)
Итерацијата значи повторување на множество на инструкции неколку пати. Ова е
корисно кога треба да извршите исто дејство неколку пати без повторно да го
пишувате.
Активност2 – скокање со јаже:
Замислете дека сакате да преброите колку пати можете да скокнете за една
минута. Можете да поставите алгоритам како овој:
- Започнете со скокање.
- Пребројте 1 скок.
- Ако сеуште скокате, вратете се на чекор 2.
- Ако една минута помине, престанете со скокање.
Тука, ги повторувате чекорите 2 и 3 додека времето не истече. Ова ви
заштедува од повторно пишување на чекорот за пребројување.
Алгоритмот за повторување - итерација графички претставен:
Селекција - Услов
Условите ви дозволуваат да донесувате одлуки во вашиот алгоритам. Тие му
кажуваат на алгоритмот што да прави врз основа на одредени критериуми.
Активност 3 – дали бројот е парен или не е парен?:
Претоставете дека сакате да проверите дали бројот е парен или непарен. Можете
да создадете алгоритам како овој:
- Земете број.
- Ако бројот е делив со 2 (т.е., нема остаток), тогаш е парен.
- Ако бројот не е делив со 2, тогаш е непарен.
Овој алгоритам користи услов (деливост) за да одлучи која акција да
преземе.
Алгоритмот за услов (селекција) графички:
· Примери на секвенца, селекција и итерација
Вежба 1: Секвенца Алгоритам
https://studio.code.org/s/express-2024/lessons/1/levels/2
Programing with Angry Birds
·
Се демонстрира редоследната структира со оваа
игра.
·
Учениците во парови се обидуваат самите да ги
детектираат чекорите во играта до остварување на целта.
·
Се надгледува изработката на учениците во училницата,
нудејќи насоки и проверувајќи го нивното разбирање.
Вежба 2: Итерација Алгоритам
https://studio.code.org/s/express-2024/lessons/13/levels/1
Nested Loops in Maze
·
Се демонстрира циклична структира со оваа игра.
·
Учениците во парови се обидуваат самите да ги
детектираат циклусите на повторувања во играта до остварување на целта.
·
Се надгледува изработката на учениците во училницата, нудејќи
насоки и проверувајќи го нивното разбирање.
Вежба 3: Селекција - Условен Алгоритам
https://studio.code.org/s/express-2024/lessons/16/levels/2
If/else with Bee
·
Се демонстрира условна структура - селекција со оваа
игра.
·
Учениците во парови се обидуваат самите да ги најдат
условите во играта до остварување на целта.
·
Се надгледува изработката на учениците во училницата,
нудејќи насоки и проверувајќи го нивното разбирање.
Заклучок
Разбирањето на алгоритмите ви помага да решавате проблеми логички и систематски. Со усовршување на секвенца, итерација и услови, ќе можете да развиете посложени алгоритми во иднина!
Размисли:
- Дали може да се комбинираат повеќе структури на алгоритми при решавање на некој проблем?
- Дали за еден ист проблем, може да постојат различни алгоритми?
- Ако постојат повеќе алгоритми за решавање на некој проблем, како би го одбрале најдобриот?
Домашна работа:
Задача1:
Да се креира алгоритам за играта (на пр., Лист-Камен-Ножици).
Се охрабруваат учениците да го идентификуваат редоследот и условот вклучен во
играта.
Да се искористат прашањата:
·
Што правите прво во играта? (Редослед)
·
Што се случува ако изберете Лист? (Услов- селекција)
·
Колку пати можете да играте? (Итерација, повторување)
Задача2:
Размисли и опиши во која компјутерска игра што си ја играл, се користи условен
алгоритам? Обиди се да го претставиш алгоритмот во чекори!