Во овој дел ќе научиме како ликовите комуницираат меѓу себе со испраќање на пораки.
Пример: Земајте лик на мачка и куче. Нека прво зборува мачката. Кога ќе заврши, мачката може да испрати порака до кучето да зборува. Кога кучето ќе заврши, тогаш тоа испраќа порака до мачката да зборува.
Прво однесување за мачката:
Кучето почнува со активности кога ќе ја добие пораката hidog1 од мачето:
Мачката повторно е активна кога ќе ја добие пораката hidog2 од кучето:
Второ однесување за кучето:
Ликовите можат да имаат различни однесувања кои се активираат на различни начини:
- со кликање на зеленото знаме
- со кликање на ликот
- со кликање на некој тастер
- со добивање порака од друг лик
- со допирање со друг лик
Sunday, March 31, 2024
Monday, March 25, 2024
Структури за повторување REPEAT и FOREVER
Пример1: Мачка што кива
Што ќе се случи ако го внесиме следниот програмски код?
Што ќе се случи ако го внесиме следниот програмски код?
Командата Repeat овозможува да се поторува една или повеќе инструкции. Во овој случај, штом ќе кликнеме на тастерот s, 20 пати ќе се напише текстот “АААННННН“ после say, и мачката ќе се зголемува за 5 при секое повторување.
Креирај го кодот со кој мачката ќе повтори 20 пати “CCHHEEEW“, и притоа мачката да се намалува до нормална големина.
Еве како ќе изгледа целосното кивање на мачето:
Вежба: Направи програма со која мачето ќе се врти 18 пати за 20 степени!
Пример2: Движење на лилјак
Покрај промената на големината на ликот, може да го менуваме и изгледот на ликот, односно custom. Така, со користење на командата forever ќе овозможиме лилјакот да се движи и истовремено да мавта со крилјата постојано.
Поместувањето на крилјата го правиме со командата next custom, каде се менуваат различните положби на крилјата. Со командите pick random во x и y, се менува положбата на лилјакот случајно по сцената.
Можеме и да го управуваме лилјакот со стрелките за лево и десно:
Вежба: Постави уште еден лик на сцената кој ќе прави движења слични на лилјакот со промена на custom, и постави позадина на сцената по твоја желба.
Subscribe to:
Posts (Atom)