Mоже
да се користи со посета на веб страницата www.google.com. Го
креирале
Лари
Пејџ и Сергеј Брин на Стенфорд Универзитетот во Америка во 1998
год. Името Google доаѓа од зборот googol, кој во математиката означува 1
следен од 100 нули.
Yahoo
Mоже
да се користи со посета на веб страницата search.yahoo.com.
MSN
Mоже
да се користи со посета на веб страницата www.msn.com.
Ask.com
Mоже
да се користи со посета на веб страницата www.ask.com.
Овие
машини
за
пребарување нудат можност да се бараат веб страници, слики,
мапи или видео клипови со одредена содржина.
Начин на пребарување:
- пребарување по категории (теми)
- пребарување со клучни зборови
Пребарување
по категории (директориуми).
Кога
се пребарува по категорија (образование, наука, забава, спорт,
здравје, шопинг итн.) потребно е од листата на понудени
категории да се избере онаа каде припаѓа она што не интересира или категоријата
може да се напише во полето за пребарување. Потоа може да се прикажат
подкатегории или листа на адреси на веб страници со содржини од бараната тема.
Пребарување по клучни зборови
Пребарувањето
по клучен збор овозможува пронаоѓање на потребните информации со
пишување на клучен збор или реченица.
Клучен
збор е
збор кој го опишува поимот кој се бара.
На
пример,
зборот “Elephant”
е клучен
збор кој ќе не однесе на веб страници кои го содржат тој збор.
Тие веб
страници може да бидат за животното слон, но може да бидат и
за филмови,
списанија, фирми, ресторани и слично кои на своите веб
страници го
користат тој збор.
Кога
се
пребарува по клучен зборо потребно е:
•
прецизно избирање на зборот кој го опишува поимот кој се пребарува,
•
кога се користи повеќе од еден клучен збор, поважниот збор се пишува
прв,
•
клучните зборови треба да се напишат правилно затоа што од тоа ќе
зависи добиениот
резултат од пребарувањето.
Најпознат
пребарувач по клучен збор е Google со адреса
www.google.com.
Значење на прикажаните резултати од пребарувањето
- Како
резултат на пребарувањето се добива листа со веб адреси кои го
содржат поимот
кој се бара во форма каква што го бара корисникот (текст,
слика,
видео и др.)
Најголема е
веројатноста за наоѓање на
бараните содржини кај првите
дваесетина веб страници од листата добиена по пребарувањето.
- Секој
резултат
од листата го прикажува насловот на веб страницата, ако
го има.
Со кликање на насловот се отвора страницата.
- Под
насловот
следуваат првите неколку реда од текстот на страницата кои често
помагаат во донесување одлука дали страницата го има или не
она
што
се бара.
- Потоа
следи
веб адресата на страницата.
- На
крајот
ја пишува големината на страницата или сликата во бајти.
Копирање
или снимање на слика од веб страница се прави со десен клик врз сликата од веб
страницата.
“Copy
Image“ - ископираната слика со paste може да
се постави во друг документ.
Снимање
на слика од веб страница се прави со десен клик врз сликата од веб страницата.
“Save
Picture As“ и се избира локацијата за меморирање на сликата.
Задача: Одговори ги следниве прашања најкасно до 4.06.2020 год.
1. Дали постои начин
за пронаѓање на веб страници,слики, видео клипови и сл. со одредена содржина поставени на Интернет?
2. Кои се
најпопуларни машини за пребарување денес на Интернет?
3. Кои се адресите на
веб страниците преку кои машините за пребарување ги нудат своите услуги?
4. Како се пребарува
по категорија?
5. Како се пребарува
по клучен збор?
6. Кои се правилата
за избор на клучен збор?
7.
Како се подредени резултатите од пребарувањето кои ги дава машината за пребарување?
8. Што е прикажано во добиените
резултатите од пребарувањето?