Friday, January 31, 2020

Запознавање со интегрирана околина за програмирање


За да ги пишува и развива своите програми, програмерот користи група на програми кои ја сочинуваат таканаречената околина за програмирање.
Програмската околина речиси секогаш се состои од едитор, компајлер, библиотека на готови програми и дебагер.
Овие програми можат да бидат посебни или меѓусебе поврзани во една програма која се вика интегрирана развојна околина (Integreted Development Environment -IDE) за програмскиот јазик.
Библиотеката на готови програми претставува фајл, кој е колекција од веќе напишани мали често користени програми во програмската околина.
Има графички, математички библиотеки и сл. Овие библиотечни програми може да бидат   повикани и извршени од новонапишаната програма со што им се олеснува на програмерите и  се скратува времето на развивањето на новата програма.
 Програмски едитор е специјално дизајниран текстуален едитор во IDE каде се пишува изворниот код на програмата