Sunday, October 19, 2025

Комуникација преку Интернет

 Како комуницираме онлајн? 


  • Текстуална комуникација: Размена на пишувани пораки (чет, е-пошта, коментари).
  • Аудио комуникација: Разговор преку интернет (гласовни пораки, повици).
  • Видео момуникација: Разговор со слика и звук (видео повици).

Примери на софтвер за комуникација:

Viber, Messenger, WhatsApp, TikTok, Instagram, Zoom 









Размисли:

- Преку која од овие апликации можеме да праќаме само текстуални пораки? 
- Преку која можеме да се гледаме?
Што ни е потребно на телефонот или компјутерот за да можеме да напишеме порака? 
- А за другарот да нè слушне? 
- А за и да нè види? 


Јазикот на интернетот – Правилно наспроти неправилно

    Анализа на примери:

    - Еј, КАДЕ СИ??? МОРА ДА МИ КАЖЕШ ШТО СЕ СЛУЧИ! (Комуникација со големи букви -  Ова се смета за викање).

    - Nzm so da ti kazam, ssj? Ktb? (Комуникација со кратенки - може да биде нејасна и не секој ја разбира).

    - Многу си глупав/а! 😠 (Навредлива комуникација - Навредите се исто толку болни и кога се напишани).

    - Фала ти многу за помошта, баш ми значеше! 😊 (Правилна и учтива комуникација).

    - Можеби ќе дојдам подоцна. (Пример за двосмислена порака која може да создаде забуна).



  • Активност: Подреди ги примерите во две колони во тетратката: „Правилна и безбедна комуникација“ и „Неправилна и небезбедна комуникација“.

Твоите податоци се твое богатство!

Кои информации за вас не би сакале да ги знае некој непознат? 

(име и презиме, адреса на живеење, телефонски број, име на училиштето, лозинки, приватни фотографии и видеа)

Личните податоци треба да се чуваат исто како што го чуваме клучот од нашиот дом – ги даваме само на луѓе на кои им веруваме најмногу.

Што смеам, а што не смеам?
  • Што ќе направиш ако некој непознат ти побара да му пратиш твоја фотографија?
  • Дали смееш да ја споделиш лозинката од твојот профил со најдобриот другар?
  • Што ако добиеш порака со навредлива содржина?
  • Дали е во ред да објавиш слика од твоите другари без да ги прашаш?


Да заклучиме:
Интернетот е прекрасен простор за дружење, игра и учење, но само ако го користиме паметно. 

Запомнете:
Пред да објавите, испратите или кликнете нешто, размислете! Бидете добри дигитални граѓани, чувајте се себеси и вашите другари.

No comments:

Post a Comment