За да добиеме уред кој ќе ја мери влажноста на почвата ќе го поврзиме микро:битот со жици, најдобро крокодилки. Во почвата ќе поставиме клинци или поголеми жици, кои ќе имаат улога на сонди. Електричната струја ќе се движи низ почвата од едниот до другиот клинец заедно со влагата во почвата. Колку ќе има повеќе влага во почвата, толку ќе биде поголем напонот што се мери.
Електричната струја минува низ водена површина, па затоа кога ќе се
поврзе во струјно коло, електричната светилка ќе светне.
Ова својство на електричната струја, ќе го искористиме за
мерење на влажноста на почвата со микробит. Двата клинци во почвата, имаат
улога на сонди низ кои патува електричната струја. Степенот на влажност на
почвата е даден на сликата подолу, каде вредност околу 700 е сува почва, околу
900 е нормално влажна почва и околу 1023 е многу влажна почва.
Ова практично го поврзуваме со микробитот, со помош на кабли алигаторки, и тоа, едниот клинец за Pin 1, а другиот на 3V.
Клинците ги поставуваме во саксија.
Програмскиот код го внесуваме, односно при притискање на
копчето А, ќе се појави вредноста за соодветната влажност во саксијата.
Комбинирње на уредот за
мерење на влажност на почвата со помош на звучен аларм
Додаваме звучник на предходниот уред, така што го поврзуваме
со Pin0, a другиот
крај со GND на микробитот.
Програмскиот код за ова е следен:
moisture е варијабла која ја креираме за да ја мериме вредноста
за влажност на почвата. Доколку е вредноста помала од 900, ќе се вклучи алармот
за да го повадиме растението во саксијата.
Практично го проверуваме новиот
уред со аларм:
За подобро да го разберете целиот процес на градње на овие уреди, погледнете го следното видео:
No comments:
Post a Comment