Tuesday, April 14, 2020

Поим за мултимедија. Поим за мултимедијална презентација.


Презентација е активност со која се покажува и објаснува содржина на одредена тема на поединци или група луѓе.

  Најчесто тоа се предавања, реклами, извештаи, претставување на нови производи и сл. Презентациите може да бидат изведени во живо, поставени на пано, прикажани на телевизија, поставени на Интернет и сл.

Презентацијата чија содржина е креирана со компјутерска програма во вид на слајд шоу се вика компјутерска презентација.

Познати програми за компјутерски презентации се:
- Microsoft PowerPoint од пакетот Microsoft Office,
- Impress од пакетот програми OpenOffice.org на Sun Microsystems Inc,
- Keynote од пакетот програми iWork на Apple Computer и др.

Мултимедијалните компјутерски презентации се креирани од содржина која е комбинација на различни податоци – текст, цртеж, фотографија, табела, дијаграм, графикон, видео клипови, звуци, говор, музика и сл.

Интерактивните компјутерски презентации содржат хиперврски кои овозможуваат избор на содржини, менување на редослед на содржини и комуникација со корисникот на презентацијата. Многу често со компјутерската презентација раководи човек кој се вика презентер. Презентерот  не мора да биде и автор на презентацијата.

Стартување на програмата Power Point:



За да ја активираме порограмата за мултимедијални презентаци Power Point, кликаме All Programs


Потоа од пакетот Microsoft Office одбираме Power Point, чија икона е:


Избираме Blank Presentation за да започнеме со креирање и уредување на нов мултимедијален документ односно презентација.

Работен прозорец на MS Power Point 2013



Power Point  е презентациски софтвер кој ви овозможува да креирате динамички слајд презентации. Слајд шоуто може да вклучи анимација, нарација, слики, видеа и многу повеќе. Документот на кој се работи во Power Point  се нарекува презентација и има наставка .pptx. Самиот документ е организиран во слајдови на кои се поставуваат основните содржини (насловни, тематски единици, примери, објаснувања и сл.)

Ленти со алатки



Преку табулаторот Home пристапуваме до најчесто користени команди, вклучувајќи копирање и вметнување, форматирање и додавање Нов слајд. Табулаторот Home е селектиран по правило секогаш кога ќе го отвориме PowerPoint.

Со клик на New Slide од Home, додаваме нов слајд во презентацијата. Можеме да додаваме колку што ќе посакаме слајдови. 

За да ја видиме целата презентација, односно нејзиното прикажување, кликаме на табот Slide Show или кликаме на тастерот F5 од тастатурата.
Кога ќе бидете подготвени да го презентирате вашето слајд шоу, табот Slide Show ви дава алатки за да ја направите вашата презентација професионална, вклучувајќи ја и опцијата за времето и снимање на нарација.

Останати табулатори се Insert, Design, Transitions, Animations, Review, View, и нив ќе ги разгледуваме понатаму.



Активности со презентација:



Задача: Отвори Power Point, и креирај презентација со три слајда. 
        1. Првиот слајд нека биде со наслов Power Point и поднаслов Креирање на мултимедијални презентации. 
         2. Вториот слајд нека содржи информација за тоа што е презентација, што е мултимедијална компјутерска презентација и како се стартува Power Point.
     3. Последниот слајд нека содржи информација за тоа кој ја изработил презентацијата, односно вашето име, презиме, одделение и училиште.
        4. Зачувајте ја презентацијата на вашиот компјутер со име Moja prva prezentacija. Сликајте и испратете ја домашната задача.

No comments:

Post a Comment