Monday, February 3, 2025

Изработка на програми со варијабли


Во овој дел ќе научиме како:


- корисникот и програмата можат да комуницираат
- да користиме и пресметуваме со формули
- да пресметуваме просек, периметар на геометриски фигури итн.

 SENSING мени

- Добивање информации од корисникот

Пример1:

- Програмата бара информација за возраста на корисникот
- Корисникот ја внесува вредноста за возраст
- Програмата ја чува одговорената вредноста во варијаблата „answer“

Која е твојата возраст?

- Во зависност од корисникот кој се прашува
- Некој има 12 години
- Некој друга личност има 27 години
- Некој друг има 19 итн.
Тоа се вика ВАРИЈАБЛА!

Користење на SENSING менито

1) Прашај го корисникот за годините
2) Корисникот ги внесува годините
3) Резултатот се чува во „answer“



Корисникот внесува 13, и таа вредност се чува во „answer“








Креирање на варијабла “age“

1) Кликни на менито variables
2) Кликни на “Make a variable
3) Внеси “age“ и кликни ОК




Имаме варијабла “age“



Можеме да придружиме (join) текст или број на тоа што го кажува ликот:



Зачувување на вредноста во варијаблата; потоа се кажува тоа на корисникот:

1) Set од Variables менито
2) Say од Looks менито
3) Join од Operators менито го придружува твојот текст на “answer“



Пресметување на збир C=A+B

- Направи три варијабли A, B и C







-  Внеси ја вредноста за А и B
-  Постави ја вредноста на збирот A и B во C






Пресметување на просек за две дадени вредности


Постапка за пресметување просек:
Нека А е првата варијабла: А=_____
Нека В е втората варијабла В=_____
Нека V е третата варијабла V=_____
Вредноста од А ја додаваме на вредноста В, збирот го делиме со 2, и одговорот го поставуаме во V.
V=(A+B)/2 (Како ова ќе го програмираме во Scratch?)




Задачи со варијабли:

1. Креирај програма со која ликот ќе те праша како се викаш, во кој град живееш и колку години имаш, креирајќи 3 варијабли (име, место, години), а на крај да го повтори последниот одговор како прашање:

2. Креирај програма со која ќе пресметаш колку е метри жица се потребни за да се загради  еден спортски терен во форма на правоаголник, прашувајќи колку се страните на правоагоникот!
3. Креирај програма со која ќе пресметаш колку е просечната вредност на оценките по математика, информатока и географија?





No comments:

Post a Comment